Во првата половина на 2019 година своето портфолио на производи и услуги го зголемивме со производство и продажба на тампон (дробен камен) од варовничко потекло, во локалитет Тикијарница, област Краста, село Пчиња, Општина Куманово.
Во втората половина на 2019 година инвестиравме во нова најсовремена автоматска дробилка за производство на фракции (од 0 mm до 4 mm, од 4 mm до 8 mm, од 8 mm до 16 mm, од 16 mm до 32 mm) и тампонски материјал (од 0 mm до 32 mm и од 0 mm до 63 mm), со капацитет од 90 тони на час, од производителот FABO Makina од Измир, Турција.
Во втората половина на 2019 година, инвестиравме во дополнителна и нова градежна механизација на Каменоломот, со цел поефикасно и побрзо производство на тампон и фракции за бетон, и тоа:
- багер Liebherr 944
- утоваривач LiuGong 856
- камион кипер Ford Cargo 4142 со носивост од 20 m3
- камион кипер Mercedes Axor 4140 со носивост од 24 m3
- камион кипер Volvo FMX 420 со носивост од 20 m3
- камион влекач MAN 18.440 со полиприколки со носивост од 26 m3
Со цел за да можеме да имаме непрекинато производство на тампон и фракции, инсталиравме нов Дизел генаратор за производство на електрична енергија oд производителот AKSA AD 275 од Истанбул Турција.