À propos de nous

Историјат и развој

 

Градежната компанија РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје е основана во 2015 година како градежна компанија за завршни работи во градежништвото, за изведба на следниве портфолио на услуги:

  • Изведба на молерофарбарски работи
  • Изведба на кошулици
  • Изведба на керамичарски работи
  • Изведба на епоксидни подови
  • Изведба на фасадерки работи и фасадни системи
  • Изведба на браварски работи
  • Набавка, транспорт и монтажа на противпожарни врати (од производителот Novoferm Italy)

 

Во првиот квартал на 2018 година настанува реструктуирање на РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје, со воведување на нови производи и услуги, односно:

  • Бетонска база, производство и продажба на бетон и бетонски елементи
  • Нискоградба
  • Високоградба
  • Каменолом, производство и продажба на тампон и фракции

 

Во рамките на РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ функционираат неколку организациони единици (фирми ќерки):

  • РЕГНУМ БЕТОНСКА БАЗА
  • РЕГНУМ НИСКОГРАДБА
  • РЕГНУМ КАМЕНОЛОМ
  • РЕГНУМ ИНВЕСТ

 

РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ има свои подружница во:

  • Конфедерација Швајцарија, со седиште во град Лозана во француски кантон
  • Република Бугарија, со седиште во град Софија

Мисијата на нашата компанија е да создадеме мултидисциплинарен тим и квалитетен дијапазон на услуги и производи кои ќе одговорат и ќе ги задоволат барањата на нашите Инвеститори и Купувачи.

Нашата Визија е да бидеме дел од топ 3 производители на бетонски елементи во Македонија, во топ 5 производители на бетон во Македонија, во топ 10 градежни компании во Македонија како и дел од топ 100 компании во Македонија.

Целта на РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје е постојано надоградување на портфолиото на услуги и производи се со цел за да ги задоволиме барањата на инвеститорите и клиентите, во согласност со најсовремените светските стандарди.

Најсовремена Опрема

РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ постојано инвестира во набавка на најсовремена градежна опрема и примена на најсвремени технологии во градежништвото. За таа цел постојано вложуваме во нови и докажани технологии како:

  • Камиони со Euro 6 eco standard
  • Градежна опрема со Tier 4 eco standard
  • Целосно автоматизирани бетонски бази со SCADA systems
  • Автоматизирани дробилки за производство на фракции и тампон
  • Автоматизирани хидраулични бетонски пумпи за висококатници (облакодери)
  • Целосно автоматизирани и роботизирана машина за производство на бетонски елементи
  • Најсовремени технологии во надградба на камион миксери

Тимот на РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ постојано ги посетува најголемите саеми во областа на градежништвото во Европа се со цел да бидеме во чекор со современите технологии во градежништвото.

БРЕНДОВИ НА МЕХАНИЗАЦИЈА, ГРАДЕЖНА ОПРЕМА И ВОЗИЛА КОИ СЕ КОРИСТАТ ОД РЕГНУМ

ГРАДЕЖНИ МАШИНИ – МЕХАНИЗАЦИЈА

ГРАДЕЖНА ОПРЕМА

ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА – КАМИОНИ

НАШИТЕ ПРОЕКТИ СЕ КО-ФИНАНСИРАНИ ОД СЛЕДНИВЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

    РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје е основана во 2015 година како градежна компанија за завршни работи во градежништвото, Во 2018 година настанува реструктуирање на РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје, со воведување на нови производи и услуги:
    Бетонска база, производство и продажба на бетон и бетонски елементи, Каменолом, производство и продажба на тампон и фракции, Нискоградба, Високоградба, изведба на индустриски објекти и објекти за домување.

    Дирекција

    Булевар Борис Трајковски бр.5, Кисела Вода, Скопје

    Телефон

    +389 2 2 777 761

    Е-маил

    stojkovski@regnum.mk