Во втората половина на 2019 година своето портфолио на услуги го зголемуваме со инвестиција во автоматизирана машина за производство на бетонски префабрикувани елементи „KB 25“, со капацитет од 2.500 парчиња во една работна смена, целосно автоматизирана со скада систем и ABB автоматика, од производителот GLOBMAC од Анкара, Турција. Во склоп на оваа машина има и соодветен дизел генератор. Со оваа машина „КB 25“, нашето портфолио на услуги го зголемуваме со производство на бетонски елементи, како:
- бетонски рабници
- бетонски блокови
- бетонски канали
- бетонски каналети
- бетонски бехатон плочки
- трпезоидни бетонски плочки
Во првата половина на 2020 година, ќе започнеме со производство на 2 (два) нови типови на бетонски производи (елементи):
- бетонски бариери „New Jersey“
- бетонски лего блокови