БЕТОНСКА БАЗА

Во втората половина на 2018 година своето портфолио на услуги го зголемивме со нова услуга – Производство на Бетон, каде инвестиравме во нова најсовремена автоматска мобилна Бетонска база со капацитет на производство од 90 м3 на час, со инсталиран миксер за мешање на бетон од 2 м3, со 2 силоси за складирање на цемент со капацитет од по 100 тони, целосно автоматизирана со скада систем и Schneider electric автоматика, од производителот FABO Makina од Измир, Турција. Во нашето производство на Бетон нудиме производство на марка бетон 15, марка бетон 20, марка бетон 30, марка бетон 35, марка бетон 40, марка бетон 45. Во склоп на бетонскат база има и соодветен дизел генератор.

 

Се со цел за заокружување на системот на производство и транспорт на Бетон, во 2018 година иинвестиравме во 2 (два) камион миксери за транспорт на бетон од производителот Mercedes Benz Actros 6574 со носивост на буре од 10 м3, додека во првата половина на 2019 година иинвестиравме во 2 (два) дополнителни миксери за транспорт на бетон од производителот Mercedes Benz Arocs 4142 со носивост на буре од 12 м3.

 

Покрај производството и транспортот на бетон, во втората половина на 2019 година своето портфолио на услуги го зголемивме со инвестиција во Хидраулична бетонска пумпа со големина од 32 м, и модуларен пристап во зголемување во вертикала од 90 м, од производителот BOOM Makina од Истанбул, како и во статична бетонска пумпа со капацитет од 140 m3/h од производителот BETONSTAR од Измир, која е прва ваква инвестиција и технологија во Македонија, со што РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ е пионир во Македонија во овој начин на транспорт и испумпување на готов бетон.

Дополнително:

Како дополнителна информација ве известуваме дека фракциите за производство на бетон се во наша сопственост од нашиот каменолом во област Краста – Куманово. Цементот кој го користиме е CEM I 52,5R од LIMAK – Ankara. Адетивот е од ADING,  а бетонските бази, миксерите и бетонските пумпи се во сопственост на РЕГНУМ.

Комерцијална понуда на бетон:

Ценовник на готов бетон од бетонска база

Испитувања:

РЕГНУМ се грижи за квалитетот на своите производи и истите се подложени на постојани испитувања за јакост на марка, модул на еластичност, отпорност на мраз М 100, водонепропусност В-6, а се правени на повеќе марки на бетон: MB15, MB20, MB30, MB35, MB40 и MB45, од страна на акредитирано тело (лабараторија) за испитување – ЕВРО КОНСАЛТИНГ Скопје

Претходен состав на рецептури за бетон

Извештај од испитување на модул на елестичност

Извештај за испитување на мраз М100 и водонепропусност В6

ДЕЛ ОД НАШИТЕ ПРОЕКТИ

Тиррена Сцави, Длобочица - Страцин

УПМ Груп, станбена зграда во Кочани

Алфа Инжинеринг, објект Боров Дол

Хромак Емил, станбена зграда во Кочани

ПОБАРАЈ ПОНУДА

  • 7 + 66 =

    РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје е основана во 2015 година како градежна компанија за завршни работи во градежништвото, Во 2018 година настанува реструктуирање на РЕГНУМ ИНЖЕНЕРИНГ Скопје, со воведување на нови производи и услуги:
    Бетонска база, производство и продажба на бетон и бетонски елементи, Каменолом, производство и продажба на тампон и фракции, Нискоградба, Високоградба, изведба на индустриски објекти и објекти за домување.

    Дирекција

    Булевар Борис Трајковски бр.5, Кисела Вода, Скопје

    Телефон

    +389 2 2 777 761

    Е-маил

    stojkovski@regnum.mk